КК Куманово утревечер ги пречекува играчите на Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер на домашен терен ќе ги пречекаат играчите на Карпош Соколи во рамките на 24-то коло од домашната кошаркарска лига.

Ова ќе биде меч од особено значење за кумановци со оглед на фактот дека загубениот антпревар против Фени Индустри ги спуши на 4-то место во табелата, а и со оглед на фактот дека Карпош Соколи се второпласирани. Самоз а потсетување од досегашните одиграни натпревари на домашен терен Соколи беа совладани од КК Куманово, додека на гостински терен го изгубивме мечот.

Поддршката на домашниот тим ќе биде од особено значење затоа утревечер во 19 часот сите на трибините во Спортската сала во Куманово заедно да навиваме за сино-белите.