КК Куманово со победа над Феникс

Сподели со своите пријатели

Изедначен дуел во Куманово, и конечно, победа за „сино-белите“ со кои ја прекинаа својата низа на неуспешни игри, но и победничката серија на гостите од Скопје, која застана на бројката четири.

Loading...

Кумановци направија голем чекор во трката за место кое води во зоната на опстанокот откако со добра, константна игра во текот на скоро сите 40 мибути, го изненадија тимот кој беше во серија од четири победи, три од нив во оваа календарска 2023 година.

Доста изедначен натпревар се играше во слаата „Перо Наков“ во Куманово, во најголем дел, макар што кумановските „сино-бели“ имаа водство, но не така високо и недостижно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Откако го преземаа водството (Феникс 2010 водеше со 16:14, на истекот на првата четвртина) домашните кошаркари практично не го испуштија до самиот крај. До полувремето, поведоа со (38:33), а иста позитива имаа и на крајот на третата, (54:51).

Во онаа последната, Трајковски донесе израмнување (58:58), по три минути од играта. Но во наредните три, кумановци успеаја да се одвојат, прво на (66:61), потоа и на (71:63) кога останаа да се играат само 29 секунди.

Премалку за Феникс 2010, кој „падна“ прв пат во 2023 година. По „заслуга“ на новиот странски двоец Џеферсон (стрелец на 21поен)- Смит (12), кои беа добро следени од Нацевски, но и младиот Димитриевски со по десет реализации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

На другата страна од игралиштето, Бојан Трајковски уште еднаш беше блиску до троен ефект. Имаше 19 поени, 10 скока и 7 асистенции, Митревски дојде до 17, а Фалден и Димчевски до 11 поени.

По 15 одиграни кола, Куманово 2009 има ефект (4-11), а Феникс 2010 (9-6).

Loading...