КК Куманово поразен од Теодо (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 78:93 кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен претрпеа пораз од црногорскиот Теодо во рамките на регионалната БИБЛ лига.

Loading...

Извонреден старт имаа избраниците на тренерот Владимир Мирковски, но бргу Теодо ја најде слабата карика на Куманово и веќе по првите 10 минути на паркетот имаше предност од 23:26.

Втората четвртина кумановци имаа добра игра на теренот, но црногорските кошаркари беа подобри со еден поен, па и на полувреме имаа позитива со резултат 41:45.

По кратката пауза Куманово повторно влезе во добра игра, па имаше извонредна трета четвртина. И во последните десет минути од средбата кумановци на почетокот имаа солидна игра, но последните 103 секунди пред крајот Теодо ги искористи грешките на Куманово за да триумфира со 78:93.

Loading...

Најдобри во редовите на Куманово беа Кори Рејли Рос со трипл-дабл од 23 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека Александар Андрејевиќ оствари 18 поени и 8 скока. Со 13 поени на листата стрелци се запиша последното засилување Ненад Зивчевиќ.

Текст/фото: Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply