КК Куманово: Го испитуваме нашето учество во натпреварите во првата лига

Сподели со своите пријатели

Во врска со претстојното првенство во првата кошаркарска лига на Македонија ,управата на Кошаркарскиот клуб Куманово испрати соопштение кое го пренесуваме интегрално:

На денешната седница  на дневен ред ќе биде одлуката на управниот одбор на кошаркарскиот клуб Куманово 2009 за учество во претстојното првенство.

Поради ригидното однесување на претседателот и управниот одбор на МКФ, со чудни и парадоксални одлуки и држење во заложништво на целата македонска кошарка и отпочнување на првенството кое доцни скоро два месеци, а клубовите направија енормно високи трошоци, без одигрување на ниту еден натпревар, ние го испитуваме нашето учество во натпреварите во прва лига.

Поради целата лакрдија, дрскост, непринципиелност и одлуки што немаат ништо заедничко со спортот, туку исклучиво со финансиските интереси на раководството на МКФ,упатуваме апел до сите релевантни фактори во Република Македонија и спортските клубови и здуженија што поскоро да се справат со спортскиот хаос што се случува во кошарката – стои во соопштението од Управата на КК Куманово.

Ваквата одлука инаку ја поддржа и првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.