Кишида објави план за поддршка на јапонската економија од околу 107 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска презентираше план за поддршка на јапонската економија во износ од околу 107 милијарди евра.

Loading...

Овој план треба да биде нешто поголем од 17.000 милијарди јени (106,7 милијарди евра), најави Фумио Кишида на состанокот на владата.

Деталите за планот Владата ќе ги соопшти подоцна, но тој треба да се однесува и на мерките за намалување на цената на бензините и сметките за струја.

Планот треба да ги ублажи ефектите од инфлацијата и да го подигне рејтингот на владата.

Мерките дополнително ќе го зголемат јавниот долг на Јапонија по стотиците милијарди евра што владата веќе ги внесе во економијата во изминатите три години за да и помогне да се опорави од пандемијата.

Планот допрва треба да биде одобрен од парламентот.