Кипарската влада истражува зошто нејзини граѓани се најдоа на списокот со санкции

Сподели со своите пријатели

Кипарската влада истражува зошто неколку нејзини граѓани се на списокот на американски и британски санкции поради наводна соработка со санкционираните Руси, изјави владиниот портпарол.

Loading...

Кипарски организации и поединци се најдоа на списокот со санкции на САД и Велика Британија во средата поради олеснување на деловните трансакции со санкционирани лица, објави Ројтерс.

Претседателот Николас Христодулидес свика состанок со блиски соработници за да се разговара за ова прашање, рече владиниот портпарол Константинос Летимбиотис.

„За време на средбата се разговараше за развојот на ситуацијата, имаше размена на мислења и беше одлучено да се истражат информациите кои довеле до воведување санкции“, се вели во писмената изјава на Летимбиотис.

Кипар ја следи политиката на ЕУ за санкции против Русија.

Велика Британија во средата соопшти дека вовела санкции за две лица обвинети дека биле финансиски „средувачи“ (луѓе кои можат да ги завршат сите зделки) за руските олигарси Роман Абрамович и Алишер Усманов.

Тоа се Деметрис Јоанидес, кој води сметководствена агенција и Христодулос Василијадес, кој води адвокатска канцеларија.

Василијадес, исто така, беше ставен на најновата листа на американски санкции од средата.

Loading...