Кинезите го направија првиот соларен автопат во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина не престанува да фасцинира со своите архитектонски и инфраструктурни проекти, а најновиот во низата е првиот соларен пат во таа земја чија површина е проѕирна.

Кина прави парк за панди вреден 1,27 милијарди долари (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Делницата на првиот автопат со соларни панели во Кина, долга еден километар, отворена е во близина на градот Џинан поради тестирање, пренесува новинската агенција „Синхуа“.

 

 

Соларните панети се поставени под патот кој го опкружува градот Џинан на истокот од Кина, а самата површина на патото е проѕирна за да сончевата светлина може да допре до панелите.

Кина тргнува во војна со стриптизот на погреби (ВИДЕО)

Панелите покриваат 5.875 квадратни метри и можат да произведат милион киловат часови енергија годишно, што е доволно за потребите на 800 домаќинства, наведува фирмата која го реализира проектот. Електричната енергија која ќе биде произведена на таа делница ќе биде користена за осветлување на автопатиштата и патоказите, како и за камерите, осветлување на тунелите и куќичките за наплата на патарина.

 

 

Loading...

Планот е во иднина да бидат развиени и функции на мобилно полнење на електрични возила и обезбедување на интернет врска.

Полицијата во Кина носи очила за препознавање криминалци (ФОТО)

Возачите кои веќе го тестирале патот велат дека чувството при возење не се разликува од стандардните патишта и пренесуваат многу позитивни импресии за првиот автопат од овој тип во Кина.

Leave a Reply