Кинеските астронаути ја извршија првата вселенска прошетка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двајца кинески астронаути денеска тргнаа на вселенска прошетка од новата орбитална капсула Ссенжу за да оспособат 15-метарски роботски инструмент со функција на вештачка рака.

Loading...

Државната телевизија ја емитуваше вселенската операција на астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо додека тие ја минуваа рампата од орбиталната капсула во вселената и третиот член на екипажот, пилотот на кинеските воздухопловни сили и командантот на оваа вселенска мисија, генерал Ни Хаишенг, кој останале во леталото, пренесува АП.

 

 

Капсулата Ссенжу се спои со матичната станица на 17 јуни, а тројцата астронаути имаат задача да го завршат опремувањето на орбиталната станица и целосно да ја овозможат, пренесоа државните медиуми.

Кинеската вселенска агенција планира вкупно 11 лансирања до крајот на следната година со цел да спои уште два модули со орбитална станица од 70 тони.

 

Loading...

https://youtu.be/fulpck7ckqU

Leave a Reply