Кинескиот ровер по втор пат успешно се спушти на површината на Марс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кинескиот ровер Џуронг успешно слета од својата платформа за слетување на Марс, соопшти Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА).

Loading...

Џуронг се спушти преку рампа до површината на Марс и започна со истражување на планетата, се вели во соопштението на ЦНСА, пренесува ТАС С.

Платформата со роверот влезе во атмосферата на Марс минатата сабота, а првите фотографии направени од Џуронг беа објавени во средата, а со најновото спуштање тој се приклучи на истражувањето на американскиот ровер кој пристигна на „црвената планета“ во февруари.

Кинеското вселенско летало Тинвен-1 слета со ровер на ледениот дел од Марс познат како Утопија Планитија и стана првото кинеско вселенско летало на Марс.

Кина стана третата земја, по Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави, која спушти ровер на Марс, но втората што го стори тоа успешно, бидејќи врската со советската сонда беше изгубена неколку секунди по слетувањето.

 

Leave a Reply