Кина стана втората земја што успешно слета на Марс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеско вселенско летало денес успешно слета на површината на Марс, со што Кина е втора земја по САД што го стори тоа.

Loading...

Тајнвен-1 го спушти роверот на ледениот дел од Марс познат како Утопија Планитија, и стана првото кинеско вселенско летало на Црвената планета, објави државната новинска агенција Ксинхуа, пренесува Ројтерс.

По овој повод, кинескиот претседател Кси Џинпинг им честиташе на сите вклучени во оваа историска мисија.

На роверот Џуронг, именуван по стариот бог на огнот, му требаа повеќе од 17 минути да ги расклопи своите соларни панели и антена и да испрати сигнали до контролата на земјата повеќе од 320 милиони километри, а неговата задача е да ги проучува почвата и атмосферата на планетата.

Кина, исто така, стана третата земја, по Советскиот сојуз и САД, што спуштика ровер на Марс, но втората што го стори тоа успешно, бидејќи врската со советската сонда беше изгубена неколку секунди по слетувањето.

Во 2019 година, Кина стана првата земја што слета сонда на малку истражената темна страна на Месечината, а во декември таа донесе карпи од Месечината на Земјата, што беше првпат некој да го стори тоа од 1970-тите.

Пекинг планира и други амбициозни проекти кои вклучуваат воспоставување вселенска станица до 2022 година.

 

Loading...

Leave a Reply