Кина: Соработката со Русија не е доведена во прашање

Сподели со своите пријатели

Украинската криза не треба да влијае на трговските односи на Кина со други земји, вклучително и Русија, изјави денеска кинески претставник.

Loading...

„Кина не е страна во украинскиот конфликт и не верува дека конфликтот треба да влијае на нашите нормални трговски односи со која било земја“, рече Ванг Лутонг, шеф на одделот за европски односи во Министерството за надворешни работи.

 

Зеленски: При повлекувањето Русите ги минираат и телата на загинатите

 

„Дури и Европа е вклучена во нормални деловни односи со Русија, ЕУ не ја прекина трговијата со Москва. Затоа, нашата нормална соработка со Русија не треба да биде доведена во прашање“, рече Ванг, пренесува Тас.

Ванг ја продолжи приказната, велејќи дека Кина не презема никакви мерки за да ги заобиколи санкциите наметнати на Русија од страна на САД и ЕУ.

„Го знаете нашиот став за санкциите. Ние се спротивставуваме на нив“, рече тој, додавајќи дека последиците од едностраните санкциите би можеле да се прошират во светот, да влијаат на синџирот на снабдување, на процесот на глобализација и на економскиот поредок воопшто.

Loading...

 

Црвениот крст денеска подготвува нова евакуација на цивили од Мариупол

 

Кина во петокот одржа самит со ЕУ преку видео-конференција, со учество на највисоките функционери од двете страни.