Зеленски: При повлекувањето Русите ги минираат и телата на загинатите

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека при повлекувањето од освоените територии руските сили бомбардираат цели области.

Loading...

– Разнесуваат куќи, опрема, дури и тела на убиени луѓе. Има многу жици поврзани со експлозиви, многу опасности. Русите оставаат целосна катастрофа зад себе, особено во близина на Киев – рече Зеленски, пренесе АП.

 

САД повторно го откажаа тестирањето на балистичка ракета

 

Во меѓувреме, Русија продолжи да повлекува дел од своите војници од регионите на Киев и Чернихив.

Кога станува збор за нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород, Кремљ го обвини Киев за тој воздушен напад од хеликоптер, но Украина ја отфрли одговорноста за експлозијата.

– Секако, тоа не е нешто што создава добри услови за продолжување на преговорите – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

 

САД повторно го откажаа тестирањето на балистичка ракета

 

Зеленски одби да коментира дали наредил напад на руско складиште за нафта.

Во интервју за Фокс њуз, Зеленски рече дека не зборувал јавно за какви било наредби што ги дал како врховен командант.

Доколку се потврдат тврдењата на Москва, додава АП, тоа ќе биде првпат украински авиони да упаднат во рускиот воздушен простор.