Кина ја предупредува Европската унија: „Не одете по погрешен пат“

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе ја оштети довербата и соработката меѓу Европа и Кина ако воведе санкции за кинески компании за наводно помагање на Русија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин на прес-конференција во понеделникот.

Loading...

– Доколку релевантните извештаи се вистинити, тогаш европската страна може сериозно да ја наруши довербата и соработката со Кина, да ги влоши поделбите и конфронтациите во светот – рече дипломатот.

Тој нагласи дека Кина ја повикува европската страна „да не оди по погрешен пат, бидејќи во спротивно Кина дефинитивно цврсто ќе ги заштити своите легитимни права и интереси“.

Венбин истакна и дека односите меѓу Русија и Кина се отворени и не се насочени против трети земји.

– Трговско-економските односи меѓу Русија и Кина се фер и транспарентни, не се насочени против трети земји, не се предмет на мешање и принуда од трети страни – рече Ванг.

Дипломатот најави и дека кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка од 8 до 12 мај.

Претходно весникот „Фајненшл тајмс“ објави дека Европската унија за прв пат ќе воведе санкции за кинеските компании кои наводно ја поддржуваат Русија во војната во Украина.

Според нацртот на новиот пакет санкции на ЕУ, до кои весникот имал пристап, станува збор за можно воведување санкции против седум кинески компании кои се обвинети за снабдување со опрема на Русија.

Loading...