Киев утрово беше гранатиран, се урна зграда од 12 ката

Сподели со своите пријатели

Станбена зграда од 12 ката во Киев утрово се урна, откако била погодена од руски гранати во областа Киев Шевченко, јавува Би-би-си.

Loading...

Две лица се повредени, а 37 се евакуирани, соопштија украинските служби.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека пријавата ја добиле во 06.16 часот изутрината, со која се потврдува дека фрагменти од гранати паднале врз зградата и предизвикале нејзино уривање, како и дека ја оштетиле 9-катницата во соседството.

 

Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно

 

Пожарот во првата зграда е изгаснат до 07:45 часот, а пожар не е забележан во соседната зграда.

Беше речено дека продолжува работата на потрага по евентуални жртви и демонтирање на објектите.

Loading...