Киев испраќа 45 автобуси за евакуација на цивилите од Мариупол

Сподели со своите пријатели

Киев денеска испраќа 45 автобуси за евакуација на цивилите од опколениот град Мариупол.

Loading...

Руското Министерство за одбрана објави локален прекин на огнот за тој град, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

– Меѓународниот комитет на Црвениот крст не информираше дека Русија е подготвена да отвори пристап до хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје преку пристаништето Бердјанск, кое е под контрола на Русија. Низ овој коридор испраќаме 45 автобуси – вели таа во видеото објавено на Телеграм.