Киев: Експлозија, се урна 15-катница, најмалку две лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во експлозија која најверојатно била предизвикана од истекување на гас што урнала 15-катница во Киев, соопштија локалните власти.

Loading...

Експлозијата целосно уништи неколку станови на различни катови од зграда во станбена зона во источен Киев.

Како што објави обвинителството на Телеграм, експлозијата се случила во текот на ноќта, најверојатно поради истекување на гас.

Државната служба за итни случаи соопшти дека се спасени 20 лица.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.