Казни за 22 возачи вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 22 возачи во Куманово вчера биле казнети од полицијата за пребрзо возење, но и недавање првенство на пешаците.

Loading...

– Вчера (12.04.2022), СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето СВР Куманово изречени се вкупно 22 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции и 6 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените акциски контроли, како што велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски