Какво ќе биде времето викендов и за 2ри Август?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 30 во текот на денот.

 

Loading...

 

И утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 32 степени целзиусови.

 

 

Сончево и топло време ќе имаме и во недела кога ќе дува слаб до умерен ветер од југозапад.

Loading...

Температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 34 степени целзиусови.

 

 

Понеделник, односно првиот ден од август, носи претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моенти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Во утринските часови температурата ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 29 степени целзиусови.

 

Loading...

 

За Илинден, 2 август, времето ќе биде сончево до умерено облачно со слаб до умерено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Температурата за 2 август ќе се движи од минимални 17 до максимални 31 степен целзиусов.

Сонево и топло време со температури околу 30 степени ќе се задржи и во остатокот од следната недела.

 

Loading...

Никола Ивановски