Какво ќе биде времето денеска во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но студено време. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец.

Утринската температура во кумановско денеска ќе биде околу шест степени под нулата, а максималната дневна ќе достигне само до нула степени.

 

 

Loading...

Според УХМР, утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови.

Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Никола Ивановски

Leave a Reply