Каква е иднината на Вагнер?

Сподели со своите пријатели

По падот на приватен авион во кој се верува дека загинал шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се поставува прашањето каква е иднината на руската компанија и нејзиното работење низ светот.

Loading...

Официјални лица и аналитичари велат дека Русија најверојатно ќе го задржи своето присуство во африканските земји каде паравоената група се бореше против Ал Каеда и Исламската држава, но под ново раководство.

Од друга страна, има и такви кои велат дека Пригожин изградил длабоки, лични врски и дека на Москва ќе ѝ биде тешко да го замени со друга личност, пренесува АП.

Американската агенција пишува дека Африка е од клучна важност за Русија, економски и политички и наведува дека проширувањето на врските и поткопувањето на влијанието на Западот на континентот е еден од главните приоритети на Кремљ, кој бара нови сојузници поради војната во Украина.

Активистот и блогер од Централноафриканската Република (ЦАР), Кристијан Ајме Ндота, вели дека новото раководство на „Вагнер“ нема да влијае на соработката на неговата земја со Русија, но некои ја критикуваат работата на руските платеници во таа земја.

„Безбедноста на државата е нејзин суверенитет. Не можете да ја доверите безбедноста на државата на група платеници“, вели Жан Серж Бокаса, поранешен министер за јавна безбедност на ЦАР.

Наталија Дукан од организацијата „The Sentry“ наведува дека Кремљ ќе се обиде да ја приближи Африка до својата орбита.

„Вагнер беше успешна алатка за Русија ефикасно и брутално да го прошири своето влијание. Среде конфликтот меѓу Путин и Пригожин, операцијата Вагнер во Централна Африка само се продлабочи, со зголемено директно учество на руската влада“, вели Дукан.

Loading...

Високите оперативци на Вагнер изградија односи во Мали и ЦАР и го разбираат теренот, рече Лу Озборн од „Сите очи на Вагнер“.

„Тие имаат добра репутација, која можат да ја продадат на друг руски кандидат. Не би било чудно доколку ги преземе некоја нова организација“, изјави Озборн, истакнувајќи дека руските воени компании во Украина, како „Редут“ и „Конвој“, неодамна изразија желба да работат во Африка.

Британското Министерство за одбрана смета дека смртта на Пригожин „речиси сигурно ќе има длабоко дестабилизирачки ефект врз Вагнер“.

„Неговите лични атрибути на хиперактивност, екстремна смелост, желба за резултати и екстремна бруталност го проникнаа Вагнер и веројатно нема да им се спореди некој наследник“, соопшти британското Министерство.

По завршувањето на неуспешниот бунт во јуни, одреден број членови на паравоената група „Вагнер“ беа испратени во Белорусија, каде што ги обучуваат војниците на земјата.

Белоруската организација „Хаџун“ наведува дека повеќе од една третина од Вагнерците се распуштени, што може да укаже на нивно целосно повлекување од земјата.

Сепак, белорускиот претседател Александар Лукашенко инсистира дека Белорусија ќе биде домаќин на околу 10.000 војници.

Од друга страна, опозицијата вели дека е неопходно „Вагнер“ да ја напушти државата.

Loading...

„Смртта на Пригожин треба да стави крај на присуството на Вагнер во Белорусија, што ќе ја намали заканата за нашата земја и нејзините соседи“, рече опозициската политичарка во егзил Светлана Тихановска.

Кремљ одбива да ја коментира иднината на паравоената група, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.