Голем пожар избувна во Дубаи, на градилиштето на солитер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во Дубаи Марина, јавуваат медиумите.
Според властите, пожарот бил пријавен во 7:06 часот по локално време, а пожарникарите биле на местото на настанот во 7:13 часот.
На пожарникарите им биле потребни речиси два часа за да го локализираат пожарот, во кој, за среќа, никој не е повреден.
„Никој не е повреден во пожарот, а пожарот е ставен под контрола до 8:51 часот“, соопшти противпожарната служба.
Во овој момент не е познато како започнал пожарот. Истрагата за инцидентот е во тек.
Додека истрагата продолжува, на социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа облак од густ црн чад како се издига кон небото.
Властите соопштија дека пожарот бил со „среден интензитет“.
My view in Dubai right now 💥 #Dubai
Massive fire! no idea how this started, looks crazy af, sh*t pic.twitter.com/LpLrDqItvQ
— MDX (@MDXreal) May 6, 2026

