Медведев: Никогаш немало вистинска денацификација на Германија

Сподели со своите пријатели

Германија, во суштина, никогаш не поминала низ вистинска денацификација, туку западните сили „решиле да ги оправдаат нацистичките воени злосторници“, според заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на Единствена Русија, Дмитриј Медведев.

„Во суштина, никогаш немало вистинска денацификација на Германија. Архивските материјали на Руската служба за надворешно разузнавање, вклучително и извештај за политичката ситуација во Западна Германија од 1952 година, убедливо покажуваат дека наместо да ја спроведат, „западните сили избрале да ги оправдаат нацистичките воени злосторници“. Фарсата“, нагласи Медведев во статија за RT, пренесува ТАСС.

Дополнително, Медведев забележа дека „Англосаксонците, обидувајќи се да ги зачуваат поранешните водачи на воената економија на Хитлер и главните нацисти што им биле потребни, спроведоа кампања под слоганот „обесете ги малите, ослободете ги големите““, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија повтори дека не планира испорака на ракети „Таурус“ на Украина