Украинец со нож нападнал група туристи на Халкидики, мислејќи дека се Руси

Сподели со своите пријатели

32-годишен државјанин на Украина нападнал семејство туристи во саботата навечер на Халкидики, убеден дека се од руско потекло.

Напаѓачот бил уапсен и изведен пред истражниот судија во Полигирос, а според неофицијални информации, станува збор за лице кое има сериозни психички проблеми од претходно.

Според извештајот на грчката национална телевизија ЕРТ, осомничениот на суд тврдел дека се чувствувал загрозен и дека наводно бил „нападнат од Русите“, и дека користел нож за да го одбрани својот брат.

Исто така, се наведува дека обвинетиот не бил целосно свесен пред кои органи се наоѓа, што ги потврдува наводите на одбраната за долгорочни психички нарушувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Никогаш немало вистинска денацификација на Германија

Жртви на овој бесмислен напад се 75-годишен Унгарец, неговата сопруга (59), германска државјанка, и нејзиниот 40-годишен син.

Напаѓачот ги повредил постарите парови со нож, додека физички го нападнал 40-годишникот.

Повредените туристи беа згрижени веднаш по инцидентот во болницата во Полигирос, од каде што во меѓувреме беа пуштени на домашно лекување.

По рочиштето, кое заврши во вторник, обвинителот и истражниот судија се согласија осомничениот да биде притворен.

Во исто време, беше прифатено барањето на одбраната за психијатриско вештачење, поради што мажот беше испратен во болницата во Полигирос на потребните прегледи, додека дополнителниот преглед е закажан за четврток.

Тој ќе остане во притворската единица до завршувањето на проценката на неговото ментално здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија повтори дека не планира испорака на ракети „Таурус“ на Украина