Како живеел најбогатиот човек во светот за кого никогаш немате слушнато?

Сподели со своите пријатели

Нето богатството на директорот на Амазон, Џеф Безос минатиот викенд се искачи на 100 милијарди долари, што е прв пат во модерната историја некоја личност да има толку пари. Меѓутоа, неговото богатство е далеку помало од она кое во своето време го имал најгогатиот човек на сите времиња.

Во прашање е африканскиот крал Муса Каита Први, пишува Индепендент.

„Дејли Мејл“: Путин е најбогатиот човек на светот со богаство од 200 милијарди долари

Loading...

Неговото богатство било толкаво што Џејкоб Давидсон за „Тајм“ напишал: „Просто е невозможно да се утврди точната цифра на неговото богатство“.

Тој владеел во Мали помеѓу 1321 и 1337 година. Запаметен е по бројни стипендии кои ги поделил Муса бил и посветен муслиман.

Големо внимание посветил на образованието на муслиманите, па од неговите стипендии се школувале ученици од целиот муслимански свет на Универзитетот Снакоре во Тимбуктуу. Неговата земја била богата со природни ресурси, а посебно злато. Во тоа време во Мали имало скоро половина од светските резерви на злато.

Најбогатиот Кинез за еден ден изгубил 3,6 милијарди долари

Муса Каита дошол на власт во 1312 година. Кога бил крунисан го добил името Манса што значи крал. Во тоа време во Европа имало граѓански војни, а многу африкански кралевства напредувале.

 

 

Манса Муса бил правнук на основачот на Империјта Мали, Сундиат Кеита.

Додека бил на власт тој ги проширил границите на својат аимперија. Ја споил својата земја со градот Тимбукта и повторно воспоставил власт на Гаоом. Неговата империја била навистина голема.

Ова се најбогатите луѓе на сите времиња

Неговото злато предизвикало внимание на целиот свет, и исламскиот и христијанскиот. Неговото богатство се проценува на денешни 400 милијарди долари, што го става на прво место најбогати луѓе во светот на сите времиња.

Кога минал низ Каиро во јули 1324 година, со преку 500 робови и камили преполни злато кои ги поделил и потрошил, светот го потресувала толкава инфлација што биле потребни 10 години да се опорави.

 

Loading...

 

Градел училишта, џамии и универзитети, а материјалното богатство не му зналечо ништо посебно.

Според арапскиот историчар ал)умари, Муса бил толку племенит што сотанал без пари, па зел кредит за да може да се врати дома.

По 25 години владеење починал во 1337 година. Го наследил неговиот син Магхан Први.