Ова се најбогатите луѓе на сите времиња

Сподели со своите пријатели

Кога некој би ве прашал, дали би можеле да погодите кој е најбогатиот човек во историјата? Она што е најинтересно е што најбогатата личност во светската историја воопшто не живеела во нашето време, туку далеку во историјата.

Loading...

Користејќи ја просечната годишна стапка на инфлација, според која 100 милиони долари во 1913 година денес вредат 2.299,63 милијарди долари, порталот Celebriti Net Wort’s направил листа на најбогати луѓе во историјата на човештвото.

Ви ја пренесуваме листата на првите десет најбогати луѓе на сите времиња, а првото место сигурно ќе ве изненади.

Kорнелиус Вандербилт – 185 милијарди долари (роден во 1794 година)

hl-cornelius-vanderbilt

Тој е третиот најбогат Американец некогаш роден. Своето прво богатство го стекнал во индустријата за производство на парни бродови, а со вложување во железницата, тоа драстично се сменило. Во моментот на неговата смрт, во 1877 година, неговото богатство изнесувало неверојатни 185 милијарди долари во денешна парична противвредност.

9. Хенри Форд – 199 милијарди долари (роден во 1863 година)

Henry_Ford_wikicommons

Loading...

Основачот на „Ford Motor Company“, иако не го измислил автомобилот, во голема мера помагал во развојот на масовното производство на автомобили. Тој го произвел и првиот автомобил кој обичните граѓани во Америка можеле да си го приуштат.

Во времето на смрта во 1947 година, Хенри Форд имал богатство вредно 199 милијарди долари во денешна парична вредност, а неговото семејство и денес е сопственик на компанијата „Форд“.

Моамер Гадафи – 200 милијарди долари (роден во 1942 година)

gaddafi-3_1780857b

Според пишувањето на магазинот, откако е фатен и убиен, се појавиле извештаи дека Гадафи имал скриено богатство од 200 милијарди долари.

Во месеците пред неговата смрт приближно 70 милијарди долари во готовина се запленети од неговите банкарски сметки во странски банки. Гадафи имал и приватен патнички авиот Airbus A340, 7,5% сопственички удел во идалијанскиот клуб Јувентус и некретнини во Велика Британија вредни 1 милијарда долари.

7. Вилијам Освојувачот – 229,5 милијарди долари (роден во 1028 година)

English Heritage; (c) English Heritage, Battle Abbey; Supplied by The Public Catalogue Foundation

Loading...

Вилијам Освојувачот е најпознат по инвазијата и освојувањето на Англија во 1066 година. Во моментот кога починал во 1087 година, зад себе оставил богатство кое во денешна вредност изнесува 229,5 милијарди долари.

6. Мир Осман Али Кан – 236 милијарди долари (роден во 1886 година)

mir osman

Владетелот на Хидерабад, додека земјата не била окупирана од Индија, имал огромна колекција злато во воредност од над 100 милиони долари и колекција на благородни камења во вредност од 400 милиони долари.

Неговиот познат „Џејкоб “ дијамант, кој денес вреди 95 милиони долари, користен е како тед за држање хартија во неговата канцеларија. Тој бил сопственик и на 50 Ролс Ројс автомобили. Неговото вкупно богатство се проценува на 236 милијарди долари.

5. Рускиот цар Николај II – 300 милијарди долари (роден во 1868 година)

nikolaj_ii.

Со Русија владеел измеѓу 1894 и 1917 година кога него и неговото семејство не било убиено и така срушена царската власт во Русија. Во моментот пред неговата смрт овој руски цар имал 900 милиони долари, што во денешна парична вредност изнесува 300 милијарди долари.

Loading...

4. Андреј Карниџи – 310 милијарди долари (роден во 1835 година)

anrew

Индустриец со штотско-американски корени, кој ја предводел големата експанзија на американската челична индустрија пред крајот на 19 век. Поголемиот дел од своето богатство го стекнал со продажбата на својата компанија Carnegie Steel Company во 1901 година на J.P. Morgan за 480 милиони долари, што денес е еднакво на 310 милијарди долари.

По продажбата, останатиот дел од животот го посветил на хуманитарни акции и поголемиот дел од богатството го поделил уште во текот на животот. Последните 30 милиони долари биле донирани во добротворни цели по неговата смрт.

Џон Д. Рокфелер – 340 милијарди долари (роден во 1839 година)

john-d-rockefeller-sr

Loading...

Најбогатиот Американец некогаш роден, во моментот пред ногавата смрт имал царство вредно 340 милијарди долари. Бил првиот Американец кој заработил милијарда долари.

Во 1870 година, ја основал Standard Oil Company, која подоцна американската влада ја поделила на три компании: Amoco, Chevron Conoco I ExxonMobil. Клучниот момент од неговата бизнис кариера се случил во 1963 година, кога од својот бизнис партнер Маурицио Б. Кларк откупил нафтена рафинерија за 72.500 долари.

Последните 40 години од неговиот житов ги поминал во пензија и основал фондации кои оставиле голем траг во развојот на медицината, едукацијата и научните истражувања.

2. Семејството Ротсчајлд – 350 милијарди долари

Rothschild-Family-Vroeger

Loading...

Познати и како Куѓа Ротсчајлд , тоа се најбогатите луѓе на дешеницата, со вкупна вредност на некретнина и капитал во вредност од најмалку 350 милијарди долари.

Семејството почнало да работи како европска бакнарска династија со германско-еврејски корени, а со банкарството започнале да се занимаваат кон крајот на 18 век.

Се започнало со Мајер Амсчел Ротсчајлд, роден во 1744 година, кој основал банка и на сите свои 5 синови им дал бизнис во пет главни европски финансиски центри. Грбот на семејството се две стиснати дланки и пет стрели кои ги симболизираат пет династии и неговите пет синови.

Бизнисот на ова семејство денес е проширено во рударството, банкарството, земјоделство, винарство, добортворни фондации и менаџмент со некретнини.

1. Манса Муса I – 400 милијарди долари (роден во 1280 година)

Loading...

mansa musa

Во времето на својата смрт, овој господар на царството мали, кое се наоѓало на подрачјето на денешна Гана, Тимбуктуа и Мали, имал лично богатство кое пресметано во денешна вредност изнесува неверојатни 400 милијарди долари.

Неговото царство произведувало половина од светските залихи со сол и злато, што во голема мера допринело на неговото богатство, кое тој го користел и подигнал големи џамии кои и ден денес постојат.

Муса станал крал откако неговиот претходник заминал на експедиција за истражување на границите на Атлантскиот Океан од која никогаш не се вратил. Две генерации после негово, неговото богатсво се распаднало.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.