КАКО ВО БАЈКА: Сиромашна домаќинка во намирници за вечера пронашла вистинско богатство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тајландката Сифино Касемсон (29) е домаќинка која е родена во мизерија и целиот свој живот го поминаla во сиромаштија. Сепак, една вечера ѝ го сменила животот и дошла до незамислива сума пари за која никогаш не сонувала.

Loading...

Сифино нарачала морска храна од продавницата за да му подготви вечера на нејзиниот сопруг.

Таа сакала да го израдува со нешто поубаво и решила да земе килограм полжави јаболчари, кои ги платила 120 бахти.

„Ги сварив и го извадив месото од лушпите кога од една од школките испадна портокалово топче“, започнува Сифино.

„Повнимателно ја погледнав топката и сфатив дека тоа е многу редок бисер кој, во зависност од големината и квалитетот, може да чини стотици илјади долари“, возбудена е сиромашната домаќинка.

 

 

Loading...

„Ние го чуваме тој бисер како очи во главата во куќата и разгледуваме понуди. Сè уште не сме сигурни колку точно би чинел овој бисер, но дефинитивно ќе го продадеме за конечно да направиме куќа. Засега, соседството доаѓа да го допре, бидејќи тие веруваат дека тоа ќе им донесе и среќа“, вели Сифино.

Бисерот, покрај Сифино, донел среќа и во продавницата во која бил продаден полжавот.

Сопственикот вели дека бројот на нарачки е драстично зголемен затоа што сите се надеваат дека и тие би го извлекле бисерот од полжавот.

Мело бисерот на Сифина има околу девет карати. Во минатото имало случај на рибар кој имал иста среќа да дојде до 10 милиони бахти за својот бисер, што е околу 256.000 фунти.

Патем, мело бисерите може да се најдат во неколку бои: од кафеава, преку боја на кожа до портокалова, а поскапи се портокаловите.

Leave a Reply