Како подобро да се одморите за викенд по напорната недела? Овие работи избегнувајте ги!

Сподели со своите пријатели

Наместо да чистите низ дома, да гледате филмови цел ден или избезумено да се обидувате да заспиете со вртење на креветот, дружете се со весели пријатели во чие друштво сигурно ќе се опуштите.

Loading...

Кога ќе дојде понеделник, ви е мачно да станувате и да одите на работа и едвај чекате да дојде викендот. И тогаш доаѓа викендот и не знаете што да правите.

Се вртите во круг, се обидувате да спиете, но сонот нема да ви дојде на очи. Повторно станувате нервозни како што наближува понеделник.

Психолозите тврдат дека така се чувствуваат повеќето луѓе кои не можат да се одморат и да се релаксираат и дека треба да ги променат своите навики во однесувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

Тие препорачуваат неколку правила кои ќе ви помогнат поефикасно да го поминувате слободното време.

Избегнувајте ги напорните луѓе

Искористете го викендот за дружење. Наместо да бидете залепени за телевизорот, договорете се да излезете со пријателите.

Избегнувајте ги оние кои ве заморуваат и ви ја трошат енергијата. Најдете друштво кое ве релаксира и е удобно со вас.

Тоа е докажан начин да се биде посреќни бидејќи друштвото со пријателите и семејството гарантира чувство на задоволство, велат експертите.

Loading...

Тие исто така препорачуваат учество во хуманитарни или волонтерски акции, одење во црква или одговарање на поканата на, на пример, сосед и помагање во некоја работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

На овој начин, велат психолозите, ќе почувствувате дека сте корисни и солидарни.

Најлошо е во недела навечер

Домашната работа не ја оставајте за викенд.

Ова е најголемата грешка што ја прават многу луѓе кога ќе дојде време да се одморат од работата.

Чистењето на куќата за викенд ќе ве измори и ќе ви го „изеде“ слободното време. Подобро е да излезете на прошетка и да вежбате.

Многу вработени сметаат дека неделата навечер е најлошото време во нивниот живот бидејќи очекувањето на непријатностите, во овој случај одењето на работа, е полошо од самиот чин.

Планирајте ја неделната вечер и поминете ја активно. Излезете, вечерајте или поканете пријатели, советуваат психолозите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Исклучете ги телевизорот и мобилните телефони

Луѓето кои гледаат повеќе телевизија се 30 проценти помалку среќни од оние кои не гледаат телевизија секој ден.

Loading...

Исклучете го компјутерот, не гледајте мејлови и не одговарајте на телефонски повици кои ќе ве нервираат.