Како да поставите здрави навики кон кои навистина ќе се придржувате?

Сподели со своите пријатели

Најважно е да пронајдете вежба што ви одговара. Ако трчањето не работи за вас и ви предизвикува болка, не си поставувајте цел да трчате неколку километри секое утро.

Loading...

Поставувањето нови цели е лесно, но нивното спроведување може да биде доста тешко. Сепак, истражувањето објавено во списанието JAMA Cardiology најде начин да се усвојат здрави навики кои ќе траат.

 

 

Концептот се базира на поставување сопствени цели за вежбање и нивно не одложување.

Четиримесечното истражување опфати 500 учесници кои имале кардиоваскуларни заболувања или имале зголемен ризик да развијат таков тип на болест.

 

Loading...

 

На сите им беа дадени преносни уреди за следење на нивото на физичка активност, а потоа се поделија во две групи

На луѓето во контролната група им беа поставени два предизвици: Првиот утврди дали нивната дневна цел на чекорите ќе биде одредена или поставена сама по себе, и втората дали веднаш ќе ја постигнат целта на дадените чекори или ќе потрае некое време.

Истражувачите откриле дека оние кои сами го избрале бројот на чекори и почнале да работат на истиот, имале најголем просечен дневен број чекори, приближно 1.384 чекори.

 

 

Loading...

Исто така, тие поверојатно ќе продолжат да одржуваат умерена физичка активност.

Истражувачите заклучија дека е важно да се најде вежба што одговара на личноста. Затоа што ако нешто не ви се допаѓа, ќе ви биде тешко да го направите тоа.

„Се работи за пронаоѓање начин за вежбање што ви носи радост и обрнување внимание на тоа како се чувствува вашето тело додека се движите“, објаснуваат истражувачите.