Како да ме ударија два камиони, вели мајката која роди дете од седум килограми

Сподели со своите пријатели

Џој Бакли неколку дена не можела да оди откако се породила во Медицинскиот центар Арнот Огден во Елмири (Њујорк). Девојчето Харпер родена е во вторник и веќе сега е големо како дете од шест месеци. Тоа е најголемото бебе во болницата.

Loading...

– Знаев дека ќе биде голема, но сепак не очекував дете од седум килограми. Се чувствував како да ме удариле два камиони, изјавила таа за WETM.

Се породила со царски рез, со помош на тројца лекари и медицински вакуум апарат.

– Беше прилично жестоко. Ми се заглави под градниот кош, рекла Џој.

Бебето со бујна руса коса сместено е на Одделението за интензивна нега и наскоро треба да биде отпуштено од болницата.

Мајката, која заздравува дома, сега по малку и чекори. Вели дека Харпер ја изненадила со своето доаѓање, затоа што нејзе и на сопругот Норман одамна им кажале дека се слаби шансите воопшто да добијат дете, па усвоиле девојче.

Имаат и син, кој на раѓањето имал 5,5 килограми.

– Не можеме да и се начудиме. Веќе ја државме во прегратка и многу е благородна, вели Џој.

Loading...

Leave a Reply