Кафулињата и рестораните да работат до 18 часот, се забрануваат сите видови собири

Сподели со своите пријатели

Кафулињата и рестораните да работат до 18 часот, а казината и обложувалниците да се затворат, како што рече министерот за здравство Венко Филипче, Комисијата за заразни болести ќе го предложи до Владата на Република Северна Македонија.

Loading...

– Предлагаме до Владата нови мерки – забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, каферетиите и рестораните до 18 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните, рече министерот Филипче.

Како што појасни министерот, во текот на денот ќе се донесе одлука за забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на присутни, а ќе се затворат и теретаните.

Никола Ивановски

Leave a Reply