Каде во Европа се најбезбедни патиштата, а во која држава се најопасни?

Сподели со своите пријатели

Во 27-те земји на Европската унија, минатата година на патиштата загинале 19.800 луѓе.

Loading...

Меѓу 27-те земји-членки на Европската унија, најбезбедни патишта има Шведска, каде што минатата година во просек се регистрирани 18 смртни случаи во сообраќајни несреќи на милион жители, додека најголем број на смртни случаи во Романија биле 93 смртни случаи на милион жители, Европската соопшти Комисијата.

Во Хрватска имало 72, а во Словенија 54.

 

 

Се наведува дека во 2021 година во сообраќајни несреќи низ ЕУ загинале 19.800 луѓе, што е за 1.000 повеќе смртни случаи отколку во 2020 година, но и 3.000 помалку од 2019 година и пред периодот на пандемијата, пренесува Танјуг.

Брисел додава дека во последната деценија ЕУ бележи пад од 36 отсто кога станува збор за смртни случаи како резултат на сообраќајни несреќи и дека планот е до 2030 година да се преполови сегашните бројки.

Loading...

Германија, Ирска, Кипар, Литванија, Малта, Полска и Португалија ја следат Шведска како земји со најбезбедни патишта во ЕУ, додека бројот на загинати на патиштата е зголемен во Латвија, Словенија и Финска.