Каде е најдобро да седите во авионот кога ќе дојде до турбуленции?

Сподели со своите пријатели

Турбуленцијата за време на летот може да биде многу трауматично искуство за патниците, но нема сите да ја почуствуваат на ист начин. Тоа најмногу зависи од местото каде што седите во авионот.

Зошто седиштето секогаш треба да е исправено кога авионот слетува и полетува?

Loading...

Пилотот Џони Нолсон, на социјалните мрежи познат како „Johnny the Pilot“ открива на кои седишта во авионот патниците нема да почуствуваат турбуленција, но и кои седишта се идеални за добар сон и како можете да дознаете кои седишта имаат дополнителен простор за нозете.

Што ќе се случи ако во авионот го оставите вклучен мобилниот телефон?

– Ако сте еден од оние патници кои паничат за време на турбуленциите и сакате летот да ви биде пријатен, тогаш идеалните седишта за вас се оние над крилјата на авионот, рекол Џони за Дејли Мејл.

 

Сите кои за време на летот сакаат добро да се наспијат и да уживаат во тишината треба да изберат седишта во предниот дел од авионот или што подалеку од моторот кој создава бучава.

Зошто се затемнува внатрешноста на авионот при полетувањето?

Предниот дел од авионот е одалечен од тоалетот кој се наоѓа во задниот дел од леталото и во кој често знае да има гужви и бучава. Ако баш не успеете да дојдете до предните седишта, земете ги оние во средината, затоа што иако немаат добар поглед како оние до прозорецот, вашиот сон ќе биде подобар, вели пилотот.

Дали е можно да се хакира авион за време на лет?

Тој на патниците им препорачува да ја посетат интернет страницата „Сеат Гуру“, која нуди одлични совети во врска со изборот на идеално седиште. На тој сајт можете да дадете податоци за авио компанијата со која летате, бројот на лет и датумот на планираното патување.

Leave a Reply