Каде да се паркираме, прашуваат жителите на „Октомвриска“ по оградувањето на булеварот

Сподели со своите пријатели

Булеварот „Октомвриска револуција“ деновиве се оградува со метални столбчиња кои треба да ги ослободат тротоарите од паркираните возила, но тоа не им одговара на тамошните жители, тие велат дека сега нема каде да се паркираат.

Loading...

Станови купиле, но не барале да си купат и гаражи или паркинг места, веројатно сметајќи дека тротоарите ќе им завршат работа. Денес со „пајак“ возилото беа собрани авомобилите кои беа на тротоарите за да се постават столбчињата, па граѓаните реагираа.

– Без никаква опомена доаѓаат сабајле на сила, ние живееме тука веќе 10 години, автомобилите каде да ги ставиме нема паркинг. Еве од другата страна ставија има место таму и за велосипеди и пешаци, а тука каде да ги ставиме автомобилите, а тука живееме во оваа зграда. Зграда направена без паркинг простор и што да правиме сега, вели жител во една од зградите.

Велат дека е добро што се оградува булеварот од страната на кејот, но сепак велат дека нема ниту пешаци таму, ниту велосипедисти.

– Кога ќе дојде од Соколна мајка со дете или количка каде ќе паркираат, треба првин да се обезбеди паркинг простор, па потоа да има место за велосипеди и пешаци. Не решиле проблем, во сред град каде има најмногу пешаци и автомобили не може да се пројде, а овде нема фрекфенција. Од наша зграда до спортска стала може да пројдат двајца луѓе, да има гужва разбирам, добро е тоа велосипеди да има, ама ова што го прават не е во ред, додаваат жителите.

Loading...

И ние сакаме градот да е среден, вели друг жител на една од зградите на булеварот, но велат дека ова што се прави е насилство врз нив.

За поставувањето на столбчињата јавноста беше известена преку медиумите да ги остранат своите возила за да се постави овој вид сообраќајна опрема, вели Бојан Петковски, сообраќаен инжинер од Општина Куманово.

– Врз основа на одобрен основен сообаќен проект за трајна измена на сообраќаен режим со поставување на столбчиња за разделување на велосипедскиот и пешачкиот од моторниот сообраќај и на улицата „Октомвриска револуција“, согласност за основен проек издадена од СВР Куманово и решение за поставување издадено од Општина Куманово, го реализираме поставувањето на столбчињата по целата должина на булеварот, вели Петковски.

Како што додава тој, согласно решенијата и одлуките, полицијата има обврска да ги отстрани сите непрописно паркирани возила на тротоарите.

Leave a Reply