„Југо“ на 76-годишен кумановец изгоре во пожар

Сподели со своите пријатели

Автомобил марка „југо“, сопственост на 76-годишен кумановец било опожарено вчера додека било паркирано на улица.

Loading...

– На 02.04.2024 година во 10.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Крушевска Република“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „југо“ сопственост на С.Б. (76) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците