Ја тужел фирмата затоа што работата му била здодевна, сега ќе добие 40.000 евра отштета

Сподели со своите пријатели

Еден човек од Париз ја тужел својата компанија затоа што работата му била здодевна и се чувствувал како да не заработил плата. Сега компанијата треба да му плати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Loading...

Во 2014 година, Фредерик Деснар се вратил на работа во францускиот производител на луксузни парфеми Interparfums по седум месеци боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа што го оставила во кома неколку дена, пишува магазинот „Феникс“.

 

 

Иако бил вреден работник, по враќањето од боледување компанијата наводно целосно го запоставила. Своето време го трошел  работејќи ја „претседателската работа“ на Interparfums. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му беше гајле дали ќе се појави на време и така четири години.

– Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен  што не заработив плата а ја добив. Имав впечаток дека сум невидлив во друштвото – изјави Фредерик Деснар на суд.

 

Loading...

 

Виктор Билебо, адвокатот на Деснар, рекол  дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во одбраната тврдеа дека Деснард никогаш не кажал ништо за тоа дека му е досадно.

Во 2020 година, Деснард поднесол  тужба до судот за работни односи, барајќи отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдеше дека Деснар никогаш не поднел жалба, судот се согласи дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата беше потврдена на крајот на 2020 година од Апелациониот суд во Париз.