Ја погребала мајка си, а по месец дена примила писмо што ја шокирало

Сподели со своите пријатели

Саманта Кобурн (35) вели дека контактирала со владата за да побара помош откако нејзината мајка Трејси Вудхед (55) починала на 16 декември.

Loading...

Но, додека нејзиното барање се обработувало, била направена грешка и Саманта официјално била прогласена за мртва.

Шокираната мајка на три деца добила писмо од владата околу еден месец откако го поднела барањето, во кое се вели дека се тажни што слушнале за нејзината смрт.

 

 

Во писмото од 27 јануари се изразува жалење што „умрела Саманта Кобурн“ и се наведува дека исплатата на нејзиниот детски додаток ќе биде прекината.

Мајка ми почина минатата година, а за погребот ни беше потребна финансиска поддршка. Таа почина на 16 декември, што е датумот на мојата фиктивна смрт. Околу еден месец по повикот, сите почнаа да ме информираат за мојата сопствена смрт. До мојата куќа беа доставени писма со кои ми се прекинува надоместокот и сметката за даночен кредит. Таму црно на бело пишуваше дека сум мртва. Беше навистина бизарно да го прочитам тоа за себе – вели Саманта, пренесува „Мирор“.

Loading...

 

 

Саманта, која моментално е невработена, тврди дека и било кажано дека ќе мора повторно да аплицира за детски додаток бидејќи нејзиното претходно барање сега е неважечко. Како резултат на тоа, останала без приходи за издржување на семејството, вели таа, па морала да аплицира за итна социјална помош.

Саманта вели и дека барањето за финансирање на погребот на нејзината мајка било одбиено со образложение дека нејзиниот брат бил вработен.

– Навистина сум фрустрирана поради сето ова, а не ги добив ни средствата кои очајно ми требаат на мене и на моето семејство – изјавила очајна жена која сега ќе треба да докаже дека не е мртва.