Ја нарекуваат „Јапонска црна вдовица“: Со цијанид ги труела љубовниците, сега чека судење

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и петгодишната Јапонка Кисао Какехи, позната како „црната вдовица“, чека егзекуција за убиството на тројца љубовници, и обидот за убиство на четвртиот.

Loading...

Последната жртва на „црната вдовица“ бил Исао Какехи, 75-годишен вдовец кого го запознала преку агенција. По два месеци познанство, двојката се венчала, се преселиле и започнале среќен живот во Кјото.

Тие подготвувале колачи со ориз за новогодишната прослава, но несреќниот младоженец не ја дочекал Новата година, а полицијата неговата смрт ја видела како чудна.

Подоцнежната истрага утврдила дека убиствата на „црната вдовица“ започнале во 2007 година, кога имала 61 година, но таа избегнала прогон додека полицијата не ја поврзала смртта на последната жртва со претходните случаи.

Преку детална полициска истрага, Кисао Какехи била уапсена и осудена на смрт во 2017 година на едно од најдолгите судења во Јапонија. Во јуни, нејзиното последно барање за помилување беше одбиено.

 

 

Loading...

„Ги користела услугите на агенциите за состанување, и ако ја добиела довербата на жртвите, ќе ги отруела со цијанид. Тоа е безмилосно злосторство засновано на планирана и силна намера за убиство“, рече судијата што го водеше случајот.

Оваа вест ги исплаши жителите на Јапонија и им укажа на опасностите што демнат од веб -страниците наменети за самци.

Аутопсиите се ретки во Јапонија и се изведуваат само доколку постои основано сомнение дека станува збор за убиство. Се верува дека тоа било причината зошто „црната вдовица“ била откриена доцна.

Се проценува дека Исао Какехи зела милиони со измама, а нејзиниот случај на љубовна измама ја стави јавноста во центарот на вниманието бидејќи над 32 милиони Јапонци биле регистрирани на различни апликации за состанување.