Израел нема намера да соработува со Хашкиот трибунал

Сподели со своите пријатели

Израел нема да соработува со Меѓународниот кривичен суд (МКС) во истрагата за ситуацијата во Палестина, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Лиор Бен-Дор.

Loading...

„Нема да соработуваме со Меѓународниот кривичен суд бидејќи ги штитиме правата на нашите граѓани и се бориме против тероризмот“, изјави портпаролот на МНР.

Според него, во Израел немаат доверба во истражните комисии на Меѓународниот суд, „затоа што нивната агенда е однапред позната“.

„Имаме искуство по војната во Газа во 2009 година, кога Советот за човекови права на ОН ја формираше комисијата Голдстон за да ги утврди фактите (за израелските воени злосторства) – не го признавме нејзиниот извештај“, рече Бен-Дор, пренесува Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО: Израел уби 11 лица во Либан, Хезболах нападна израелска позиција

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, Карим Кан, минатиот петок изјави дека добил барање од пет земји да ја истражат ситуацијата во Палестина.