Израел ја нападна и Сирија

Сподели со своите пријатели

Израелските сили рано утринава ја нападнаа позицијата на сириската армија на југот на Сирија, соопшти Опсерваторијата за човекови права (ОСДХ).

Loading...

„Израелските напади беа насочени кон радарска позиција на сириската армија меѓу провинциите Суеида и Дера“, рече директорот на OSDH, Рами Абдел Рахман.

Тој додаде дека нападите се „во време кога израелски авиони интензивно летале над регионот Дера“, и дека сириската противвоздушна одбрана не се активирала.

Американските медиуми рано утринава објавија дека Израел извршил напад врз Иран.