Изложба по повод Денот на независноста на САД се одржа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави денеска на малиот градски плоштад во Куманово денеска беше поставена изложбата „Портрети на американските претседатели“ од прилепскиот уметник Борче Тодоровски.

Loading...

 

 

Изложбата беше во организација на Општина Куманово, Фондацијата за култура и спорт и Секторот за култура.

 

 

Loading...

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски упати честитки до американскиот народ за нивниот голем национален празник со желби за натамошна соработка со Амбасадата на САД и нивните организации.

– Морам да истакнам дека соработката со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави е на највисоко ниво и ние како општина имаме голема соработка и со оваа држава, а воедно и добиваме помош преку различни организации, како што е УСАИД и други невладини организации и сакаме таа соработка да продолжи на највисоко ниво. Знаеме дека голем број на наши сограѓани работат за американски компании на Блискиот исток во Ирак и Авганистан и останатите држави како директна логистика за американската војска. Имаме еден мал дел од она што сакаме да го покажеме и истакнеме, да ги приближиме тие односи и воедно да се приклучиме на акцијата која ја иницираше американската амбасада во Скопје во делот на заемно одбележување на овој празник, изјави Димитриевски.

 

 

Инаку изложбата е на уметникот Борче Тодоровски од Прилеп која за изработка на портретите потрошил две години, а истите се направени во техниката графитен молив.

Никола Ивановски

 

Loading...

Leave a Reply