Изложба на слики „Кругови“ на Јовица Ивановски в четврток во Куманово

Сподели со своите пријатели

Одбележувајќи 30 години ликовно творење авторот Јовица Ивановски од Куманово вочетврток со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе отвори самостојна изложба на слики со наслов „Кругови“.

Loading...

Се работи за 25 слики (акрил и масло) од неговата најнова продукција работена во последните неколку години и истата претставува продолжување на неговиот повеќегодишен претходно развиен концепт.

Јовица Ивановски е роден 1962 година во Куманово и е самостоен ликовен уметник кoј реализирал  неколку самостојни ( Куманово и Кратово ) и групни изложби од локален и меѓународен карактер. Учествувал  на повеќе Меѓународни Ликовни Колонии меѓу кои:

Лесново Пробиштип 2003 год.

Македонска Икона Куманово 2008 год.

Карпино Куманово 2012 год.

Македонска Икона Свети Николе- Немањци 2005 год.

Фукушима – Интернационална изложба 2018 год. Скопје, Куманово, Кавадарци, Струмица, Битола, Охрид.

Loading...

Живее и работи во Куманово.

За својата најнова самостојна изложба “Кругови“ Ивановски ќе запише:

“…Кругови како неизбежна космичка мистерија. Како повеќе планети кои универзумот го прават дуален балансирајќи го доброто и злото. Свој свет е сосредоточен во бескрајната плејада од илузии, или можеби е реален живот на непознати чудесија. Еден мулти планетарен двобој на различни сили, каде техничката цивилизација преовладува, и духовната интелигенција прави натприродни напори за опстанок на човештвото, за промена на свеста, да човекот повторно биде само Човек ( духовно битие).

Кругот има и свои световни допирни точки, тој е и ореол, каде беспрекорно се чувствува божјото присуство во нас, кое постојано тежи кон соединување на универзалната прамисла, постоењето и смислата од каде потекнуваме сите ние. Но за жал, постои и темната страна од нашиот живот, спротивно од нашиот Творец ” Светлоносец”, a тоа се злите ангели кои како витези, и лоши господари управуваат на земјиното тло. Таа постојана борба се води не само rope на небото туку и внатре во нас , во нашето бојно поле наречена Душа!!!

Оттаму и кругот како неисцрпна инспирација за една праисториска вечна тема која се повеќе е присутна во нашето денешно живеење…“

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 22.07.2021 г.

Интегрално соопштение: НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Leave a Reply