Изложба на Андријана Мациев во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во петок со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Шарени вибрации – Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“ од авторката Андријана Мациев.

Loading...

Се работи за дваесеттина дела работени во последната година, во техниката акрил на платно и  претставуваат  дел од нејзината најнова продукција.

Андријана Мациев е родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов.

Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Член на Здружението Широка Стаза од Земун

Изложува самостојно (30 тина изложби) и учествува на повеќе од 100 тина групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Учествува на ликовни перформанси во склоп на културните денови во Кочани, Скопје, Кавадарци, Крива Паланка и др.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои;

2007“Избор на новогодишна честитка при ФЛУ”,

Loading...

2008 Прва награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте,

2009 Награда на Универзитетската библиотека св.Климент Охридски од Скопје,

2010 Награда за посебен придонес во уметноста на графиката , Chamalieres, 8 Mondial de l Estampe et de la Gravure Orginale Triennale de Chamalieres

2019 Признанија од Меѓународна манифестација за литература,уметност и култура “Планетопија”

2019 за Уметник на годината,Уметничка четка на боите,Труд за целокупното творештво.

2021 Интернационална литературна манифестација и манифестации за ликовна култура Милица Паулус – Платинеста плакета за целокупното ликовно творештво. За активно ликовно залагање и изложување во Македонија. За хуманоста и поддршката за лицата заболени од карцином.

2021, Платинеста плакета за севкупно творештво.

2021, Најпрестижна награда, Меѓународна манифестација за литература, уметност и култура “Планетопија” 2021

Loading...

2011 год под насловот “Слика,Музика Поезија” има перформанси во МКЦ и клубот Парадизо

Активно учествува на групни изложби од 2006 год во Скопје,Белград,Инстамбул,Варна,Прилеп,

Македондки Брод,Тузла,Шамелиер,Тетово,Куманово,Штип, Созопол итн.

Учествува на многу работилници, графички,изработка на рачна хартија, сликање со вино. Учесник на многу манифестааци, хепенинзи каде се негува и почитува уметноста.

Самостојни изложби:

2009, Белград,мал формат,Библиотека Св Сава

2010, Скопје, Светски ден во борба против ракот КИЦ

2010, Скопје,МКЦ

Loading...

2010, Скопје, Проект изложба “Звуците на чаршијата ”

2012, Скопје,Кафе ЛИ

2012, Скопје ,КО-РА

2013, Прилеп,галерија Марко Цепенков

2014, Скопје, Карпошово лето

2016, Скопје, Галерија Бада бум

Loading...

2016, Кавадарци,Дом на култура Иван Мазов-Климе

2016, Гевгелија,Галерија Амам

2016, Белград, Галерија Богиќ

2017, Софија, КИЦ на Р.Македонија

2017, Скопје, Дом на културата Илинден

Loading...

2017, Скопје, НЛП Бизнис центар

2017, Прилеп, Галерија Борко Лазески

2017, Кочани, НУЦК Бели мугри

2017, Демир Капија, Музеј галеријa

2017, Струмица,Нуцк Антон Панов

Loading...

2017, Сарасота,УСА,Art and Cultural Alliance

2018, НУ Центар за култура Крива Паланка

2018, Куманово,Музеј Куманово,Уметничка галерија

2019, Кавадарци, Дом на култура Иван Мазов-Климе

2019, Музеј на град Неготино

2019, Дом на култура, Радовиш

Loading...

Како дел од програмата на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 2021 година, се најде и проектот на  Андријана Мациев – “Шарени вибрации“ со поднаслов “Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“. Се работи за најновата продукција на слики на оваа авторка, работени во периодот од една година, период којшто беше голем животен предизвик за неа во здравствена смисла. Притоа околностите имплицираа и одредени состојби и влијанија на самиот творечки опус иако не предизвикаа радикално менување на ликовниот ракопис. Основните постулати врз коишто Мациев ја градеше својата концепција на автор со експресивен ликовен израз остана ист, иако енергетскиот изблик којшто го еманираа делата беше варијабилен во зависност од внатрешната психичка состојба во којашто се наоѓаше авторката. И сето тоа беше резултат на специфичниот приод во којшто доследно се следат сопствените интуитивни насоки и чувства вмрежени со космичките влијанија од надвор, или поедноставно кажано: симбиоза на уметноста и животот. Ако за дел од ликовните уметници сликарството и ликовната уметност е само софистициран занает и ништо повеќе,  Андријана спаѓа во делот на уметниците коишто сметаат дека границата помеѓу уметноста и животот е избришана, односно, уметноста е живот и обратно. Оттука и чувството на непосредност и топлина при средбата со нејзините дела коишто комуницираат на еден универзален визуелен јазик со релативно читлив вокабулар. Како е дојдено до овој резултат? Во прв ред, мора да е вложен голем труд и напор за да се совладаат одредени сликарски вештини со кои подоцна ќе се овозможи многу полесно да се преточуваат идеите на сликарското платно и ако кон ова го додадеме професионалното графичко искуство на авторката, полека станува јасно како е поставен самиот концепт во реализаторска смисла. Интегрираниот сликарско-графички израз, сега веќе заштитен знак на Андријана Мациев, во себе инкорпорира енформелска сликарска подлога со чисти комплементарни бои врз коишто накнадно се интервенира со минималистичко апстрактно-асоцијативен цртеж, најчесто со бела боја, но може и со други бои во зависност од поставената композициско-колористичка површина, притоа внимавајќи на контрастот којшто треба да го диференцира цртежот од позадината. Минималистичкиот стилизиран цртеж во вид на цветови, биоморфни ентитети, животински силуети и друго, понекогаш даден во форма  и на апстрактно-асоцијативни симболи и знаци,  фузиран со позадина сочинета од силни светли раздвижени бои изведени со енергична гестуална постапка, креираат еден специфичен експресивен универзум со мистичен наратив. Во тој наратив се запишани некои непосредни искуства што авторката Андријана Мациев несебично сака да ги сподели со нас посочувајќи ни го сознанието за вредноста на животот и здравјето како на луѓето така и на планетата, и дека истите не ни се само така дадени туку за нивно одржување  потребно  е многу борба, посветеност и љубов.

Визуелните уметности со својот брз пристап до конзументот, но и другите уметности воопшто, можат да дадат важни насоки во однос на идните активности на човекот како најодговорен субјект за судбината на планетата. За да биде на висина на задачата, современиот човек мора внатрешниот универзум да го синхронизира со надворешниот и во една симбиоза да продуцира здраво општество на психофизички план. Вредноста на оваа сликарска збирка на Андријана Мациев е токму во посочувањето на потребата од позитивна мисла, истрајност и бескомпромисна борба со самите себе во насока на формирање на здрави личности како претпоставка за долгорочна перспектива на идните генерации.

Пишува: Роберт Цветковски, историчар на уметноста