Излезноста во Куманово до 9 часот е 3,17%

Сподели со своите пријатели

Вкупно 2.902 гласачи од Куманово до 9 часот го оствариле своето право на глас на референдумот, од вкупно 92.691 гласачи колку што брои избирачкиот список, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, што е излезност од 3,17%.

Излезноста во Старо Нагоричино е скромна и изнесува 0,89%, односно своето право го оствариле само 30 лица од вкупно 3.367 колку што изнесува вкупниот број на гласачи во оваа општина.

Утринава ниту успеавме да оствариме контакт со Општинската изборна комисија во Липково, ниту има податоци за првиот пресек и излезност во оваа општина.

на ниво на државата излезноста е 2,54%.

Leave a Reply