Излезноста во државата до 09:30 часот изнесува 3,33 отсто

Сподели со своите пријатели

Излезноста на денешните локални избори заклучно 09:30 часот на ниво на целата држава изнесува 3,33 отсто, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Тоа значи дека гласале 32.500 граѓани од вкупно 1.824.864 гласачи колку што се регистрирани во избирачкиот список.

Обработени се 59,39 отсто од избирачките места, односно 1.823 од вкупно 3.480.

Државната изборна комисија во меѓувреме, како што рече претседателот Александар Даштевски, доставила допис до општинските изборни комисии, во кој е наведено, дека доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачки список, а уредот за биометричка идентификација не го препознава му се дозволува да гласа со отисок од избирачки прст во графата.

– Стариот начин на гласање со УВ лампа и спреј се употребува само ако уредот е неупотреблив или нема можност за негова замена. Ги повикувам сите граѓани да излезат помасовно и да го дадат својот глас на овие локални избори, рече Даштевски.

Никола Ивановски