Џесика за време на трчањето снимила необичен призор. Сцена налик на оние од хорор филмовите, кога видела куп змии на едно место.
На социјалната мрежа „Твитер“ се појави и фотографија од змиите која ги преплаши сите на интернет, а на многумина им влеа страв во коските. Но, оваа чудна појава всушност е нешто сосема природно, а се работи за парење на змии. Некои овој призор го опишуваат како „змиски оргии“.
Loading...
https://twitter.com/xmanwalton/status/854141166421512192
Постојат две работи кои змиите мора да ги прават, а мораат да јадат и да се размножуваат – рекол експертот Марвин Боукнајт.
Необичната појава ја забележала девојката Џесика Џексон додека трчала. Призорот го споделиле и многу американски медиуми како предупредување за планинарите затоа што е период кога се повеќе змии излегуваат од своите змиски населби на отворено.