Избран нов претседател на кумановското Здружение на пензионери

Сподели со своите пријатели

Нов претседател на Здружението на пензионери од Куманово е Благе Јакимовски, кој беше избран со 22 гласови на изборното собрание што се одржа во просториите на здружението. Неговиот противкандидат, Јасмина Тодоровска доби десет гласа.

Loading...

– Ќе работам транспарентно, во функција на подобрување на условите на животот на кумановските пензионери, изјави Јакимовски, додавајќи дека ќе се залага за децентрализирано работење на Здружението. Најави дека ќе продолжи и поддршката на спортските и културните активности.

За претседател на Собранието на кумановското здружение е избран Назим Емини, пензионер од општина Липково.

Во кумановското здружение на пензионери членуваат приближно 15.000 членови. Ова е едно од најактивните здруженија на ниво на државата и според бројноста и според активностите што ги реализираат.

Leave a Reply