Ивица од Четирце бара помош, откако пожарот му го пеплоса добитокот од кој го издржуваше семејството

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишниот Ивица Петровиќ од кумановското село Четирце остана без својот добиток, кој му бил основен извор на егзистенција за семејството, откако пред десет дена пожарот што го зафати селото му ја пеплоса шталата.

Loading...

Како што раскажува тој во пожарот му изгореле крави, телиња, свињи, околу 15 тони жито, 10 тони пченица, а пеплосана е и целата штала.

 

 

Како што раскажува тој, одгледувал сименталки, крави кои се многу скапи и една дневно може да даде и до 35 литри млеко, кое го продавал и од кое го хранел семејството.

– Не знам како да кажам само крава во просек чини од 10 до 11 илјади евра, а жито околу 2.000 евра можеби повеќе, вели тој.

 

Loading...

 

Како што појаснува угинатиот добиток со механизација од општинта бил однесен на депонија, а сѐ уште се чека Комисијата за проценка на штети да излезе на терен.

– Од ова живеевме јас жената и двете деца, ќерка ми 19 години, син ми 17 години. Од млеко што продававме и јагне што ќе продадевме или некое прасе. За среден живот добро имаше, ама сега нула, во шталата над 27-28 илјади евра вложив, пред 17-18 години, беше нова, и сега се гледа, ама се е изгорено, вели Петровиќ.

 

 

Тој ги замолува сите хумани граѓани да им донираат пари, храна или градежен материјал за повторно да ја изгради шталата.

Loading...

– Немаме од никого помош, тешко сега нема пари нема ништо, некој ако може хуман човек да донира некој денар пари или храна, облека не треба, или градежен материјал да ја принаправам шталата повторно, се е изгорено, нема веќе ништо, вели Петровиќ.

 

 

Хуманите граѓани кои сакаат да помогнат можат да го сторат тоа со уплата на сметката 200003410519119 на име Зорка Петровиќ во Стопанска банка.

 

Никола Ивановски

Loading...