Ивана Ѓорѓиевска носителка на независната листа за советници „За наше Куманово“

Сподели со своите пријатели

Ивана Ѓорѓиевска ќе биде носителка на независната листа на советници „За наше Куманово“.

Loading...

Таа е заменик-директорка во Основното општинско училиште „Кочо Рацин“ и претходно не била дел од политичката сцена. Има дипломирано општа и компаративна книжевност во Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Со актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој исто така ќе оди на претстојните локални избори како независен кандидат, симболично го ставија илјадитиот потпис на граѓанската иницијатива во Државната изборна комисија.

Во таа прилика Димитриевски им се заблгодари на поддржувачите и вети дека ќе ја оправдаат довербата.

– Благодарност до сите граѓани кои дадоа поддршка на оваа иницијатива, ветувам дека ќе ја оправдаме добиената доверба, а воедно во периодот што следи ќе направиме се’ да се здобиеме со поддршката на сите граѓани на Куманово без разлика на партиска, етничка и верска припадност, рече Димитриевски.

Собирањето потписи за независни кандидатури трае до вечерва на полноќ.

Никола Ивановски