Италија воведува задолжителни ковид пропусници

Сподели со своите пријатели

Во обид да се потисне новиот бран на коронавирус, Италија воведува задолжителни пропусници за влез во ресторани, кина и спортски сали од 6 август.

Loading...

Така, стана втора европска земја која го зголемува притисокот врз сопствениците на ресторани во нивните напори да го намалат четвртиот пандемски бран.

Со оваа одлука, лицата постари од 12 години, кои примиле барем една доза на вакцина, ќе можат да посетат бројни места во земјата, вклучително и ресторани, кина, спортски сали, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, по несогласувања во владејачката коалиција, пропусница нема да биде потребно за превоз.

Во Италија, бројот на новоинфицирани со коронавирус се зголемува, за што придонесува и забрзаното ширење на делта сојот. Бројот на заразени лица двојно се зголеми минатата недела, а во четвртокот беа пријавени повеќе од 5.000 нови случаи.

Повеќе од 4,3 милиони луѓе се заразени во земјата од почетокот на пандемијата, а околу 128.000 починаа како резултат на болеста Ковид-19.

Половина од италијанската популација е целосно вакцинирана.

Leave a Reply