Италија, Албанија и ОАЕ потпишаа договор за обновлива енергија тежок милијарда евра

Сподели со своите пријатели

Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати во средата потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.

Loading...

– Силно веруваме во овој проект кој ги вклучува нашите три влади, како и нашиот приватен сектор и мрежни оператори – изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони, објавувајќи го договорот на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби.

Тројното партнерство, кое има за цел да произведе зелена енергија во Албанија и да ја извезе во Италија преку подводни кабли, ќе ги вклучи италијанскиот мрежен оператор Терна и Националната енергетска компанија на ОАЕ (Така), рече албанскиот премиер Еди Рама.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа и Канада лани ги зголемиле трошоците за одбрана за 20 отсто

Тој додаде дека инфраструктурата ќе го поврзе албанското пристаниште Валона со јужниот италијански регион Пуља, најтесната точка меѓу двете земји и се очекува да биде оперативна за најмногу три години, пренесува Ројтерс.